Македонија

Граѓаните на протест на улицата „Борис Сарафов “ Еден семафор не е доволен, бараме целосно сообраќајно решение

Еден семафор не е доволен, бараме целосно сообраќајно решение

Жителите на Ѓорче Петров и попладнево протестираат пред основното училиште „Мирче Ацев“ на местото каде вчера беше прегазено десетгодишно дете.

Тие ја поздравија одлуката на Градот Скопје и МВР, како и на градоначалникот Александар Наумовски на спорната улица да се постави семафор, но сметаат дека тоа нема да биде доволно.

– Ние ќе продолжиме да протестираме се додека не се реши комплетната сигнализација на улицата. Еден семафор не е доволен- порачаа граѓаните.