Еден тон марихуана запленета во Грција, уапсени шестмина Албанци

 

Грчката полиција во акција денеска заплени тон марихана и уапси шесмина Албанци.

Дрогата била откриена во магацински простор во подрачјето на Афиднес. Поголемиот дел од неа веќе бил подготвен за транспорт со камион. Полициската акција следувала по сомнителниот трансфер на големи износи на пари од страна на шестмината Аланци кои биле сопственици на магацинот, пишува порталот Албеу.

Вчера, албанската полиција во две одделени акции заплени околу 1,5 тони марихуана.

Во голема акција, во која учествувале и припадници на специјалната полициска единица за брза интервенција, во селото Дервен кај Круја запленети се над 1,2 тони марихуана откриена во неколку магацински простории,каде истата се сушела, додека во куќа во село кај Лушња околу 224 килограми марихуана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.