Еден убиен и еден ранет во пукање во Стокхолм

Едно лице е убиени а уште едно е рането во пукањето во вторник Естерберг, јужното предградие на шведската престолнина Стокхолм, пренесуваат тамошните медиуми повикувајќи се на властите и притоа се наведува дека според сѐ судејќи станува збор за криминална пресметка.

„Едниот од ранетите почина, неговото семејство е известено. Вториот се здобил со повреди коишто не се опасни по живот. Неколку лица се приведени на сослушување, но засега нема уапсени“, ја цитира агенцијата TT портпаролката на стокхолмската полиција, Оса Валентин.

Информацијата за пукањето на плоштадот во предградието на Стокхолм била примена во раните попладневни часови. Според очевидци, засега неидентификуван напаѓач со панцирен елек користел автоматско оружје.

Според изјавата на еден очевидец за весникот Dagens Nyheter, една од жртвите била на возраст од 25 до 30 години и во него пукал неидентификуваниот во панцир, кои излегол од паркиран автомобил. Весникот Aftonbladet, пишува дека убиениот бил погоден во главата и во градите. Вториот настрадан во нападот, пак, се наоѓал на околу 200 метри од првата цел и бил ранет во ногата.

Според полицијата, жртвите им биле од претходно познати на органите на прогонот поради нивната поврзаност со криминални структури. Напаѓачот, пак, од местото на злосторството побегнал со автомобил и полицијата сѐ уште трага по него.