Еден убиен и тројца ранети во напад со нож на универзитет во Тексас

Еден студент е убиен а тројца се ранети во напад со нож Универзитетот Тексас во Остин, соопшти полицијата.

Осомничен за нападот е 21-годишен студент, кој е уапсен веднаш по нападот со голем ловечки нож пред теретаната во универзитетскиот кампус, изјавил Дејвид Картер, началник на локалната полиција.

Тројцата повредени се префрлени во болница. Лекарите нивната состојба ја оценуваат како тешка.

Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата одбива да даде повеќе поединости за инцидентот.