Еден загина, а 37 повредени од експлозија на бомба на Филипините

Најмалку едно лице загина, а 37 се повредени, кога експлодира бомба пред автобуско складиште на југот на Филипините, во пристаништето Замбоанга, изјави градоначалникот Марија Изабел Климако, објави МИА.

Климако рече дека локалните власти се сомневаат дека нападот го извршила терористичката група Абу Сајаф поврзана со терористичката мрежа Ал каеда.

Таа истакна дека експлозијата би можела да биде дел од планот на Абу Сајаф да се обид да спаси 57 свои членови, кои се наоѓаат во градскиот затвор во Замбоанга.

Абу Сајаф се состои од неколку стотици луѓе, блиски до Ал каеда, а ним им се припишуваат некои од најсмртоносните напади во филипинската историја.