Еден загинат и четворица ранети во пожар во рафинерија во Турција

Едно лице загина, а четворица други се повредени во пожар во рафинеријата за нафта  „Тупраш“ во градот Измит, во северозападна Турција, пренесува МИА.

Пожарот избувнал синоќа во 22:40 часот по локални време (21:40 по средноевропско време) и бил изгаснат во 23:45 часот (22:45), се наведува во соопштението на рафинеријата.

Според првичните информации, еден работник загинал во инцидентот, а четворица биле ранети.

Повредеите се хоспитализирани, а нивната состојба е стабилна.

Причините за пожарот засега не се соопштени,