Еден загинат и еден повреден во стравичната сообраќајка на патот Дебар- Маврови Анови

Шеесет и четири годишен гостиварец го загубил животот од повреди задобиени во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови. Во несреќата полесно е повредено уште едно лице.

 

Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила околу 23 часот во близина на месноста „скудрињски продавници“ при што дошло до директен судар на два автомобили, „опел-астра“ со гостиварски регистарски ознаки која управувал З.Л (64) и „БМВ“ со струшки ознаки која ја управувал дебранецот Е.И. (24).

 

Од силината на ударот, возачот на „опелот“ задобил скршеници и други повреди по телото, по што како итен случај од дебарската болница бил испратен за болницата „Св Еразмо“ во Охрид, но по пат, гостиварецот починал.

 

На местото на несреќата, увид по овластување на јавен обвинител извршила екипа од полициската станица Гостивар, по што ќе се утврдуваат причините и околностите поради кои дошло до несреќата.