понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 25

Еден загинат и 10 повредени во сообраќајки во Скопје

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 62 непрописно паркирани возила.

сообраќајка

Последни вести

Едно лице загинало, а 10 се здобиле со полесни повреди во вкупно 10 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Три од несреќите се со материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 14 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 39 биле непрописно паркирани. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ се отстранети 62 непрописно паркирани возила.

Одделението за превенција и „Училишната сообраќајна единица“ денеска ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар, по сообраќајниците кои гравитираат околу Транспортниот центар Скопје.

Најчитани вести