Еден загинат и 65 повредени при експлозија на цистерна со гас во Турција

Едно лице загина, а најмалку 65 други се повредени денеска при експлозија на цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија.
Експлозијата се случила претпладнево кога цистерната се превртела на пат во близина на градот Лиџе, на околу 150 километри северно од Дијарбекир, по што избувнал пожар што зафатил уште два автобуси и неколу други возила.

Според медициснки извори, 20-тина од повредените се наоѓаат во тешка здраствена состојба.
Турските медиуми јавија дека за гаснење на пожарот на пожарникарите им биле потребни околку два часа.