Eден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка кај Валандово

Тешка сообраќајка кај Смоквица
архивска илустрација

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која во средата утрото околу 5,45 часот се случила на регионалниот пат Валандово – село Марвинци.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила кај месноста Мичкин мост, а во истата учествувале автомобил „фиат Пунто“ управуван од Н.С. од село Јосифово и автомобил „форд ескорт“ со кој управувал 50- годишниот З.А. од Валандово.

На лице место животот го загубил возачот на „пунтото“, Н.С. додека со тешки повреди се здобил неговиот сопатник 35-годишниот О.П. од селото Балинци кој е пренесен во гевгелиската болница.

Последно повреден во несреќата е возачот на другиот автомобил. Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.