Еден загинат и еден повреден во параглајдерска несреќа кај Крушево

Еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат во петокот попладнето од Министерството за внатрешни работи.

Трагичниот настан се случил околу 12,40 часот кај Мечкин Камен. Тешкоповреднеиот парглајдерист е пренесен на лекување во Прилеп.

Според Наталија Спирова, началник на секторот за односи со јавност во МВР, други детали за трагичниот настан засега не се познати.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.