Еден загинат и осум повредени во напад врз џамија во Лондон

Најмалку едно лице загинало а осум се повредени откако ноќта кон понеделникот напаѓач со фургон се забил во верници кои ја напушатале лондонската џамија, а според очевидци и британската муслиманска организација претставува акт на исламофобија.

Муслиманскиот совет на Велика Британија објави дека возилото се забило во луѓето додека ја напуштале џамијата во Финсбари Парк, една од најголемите во земјата, за време на светиот муслимански месец Рамазан во текот на кој верниците одат на богослужба во текот на ноќта.

Полицијата соопшти дека еден маж загинал на местото на несреќата, а дека граѓаните го задржале 48-годишниот напаѓач пред да биде уапсен. Тој ќе биде подложен на психолошко тестирање, бидејќи излгедал „пијано и нездраво“. Лондонската итна служба соопшти дека во болниците завршиле осум лица, додека на две помош им е дадена на самото место.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека полицијата потврдила оти овој акт се води како потенцијален терористички напад и најави итен состанок на оваа тема во понеделникот. Истакна дека нејзините мисли се со оние кои страдале во „овој грозен инцидент“, а челникот на лабуиристичката опозиција Џереми Корбин истакна дека е „целосно шокиран“.

Муслиманскиот совет овој чин го смета за најнасилна манифестација на исламофобија во Британија изминатите месеци и повика на дополнителна безбедност на местата на кои се одвиваат богослужби во пресрет на завршувањето на Рамазан. „Се чини цека белец во фургон намерно се забил во група верници кои веќе му помагале на еден болен“, соопшти Советот.

„Одев по улицата и видов човек на земјата, кој лежеше на улицата и тргнав кон него. Ми кажаа дека имал некоја болест и ја загубил свеста“, изјавил за агенцијата Press Association очевидецот Абдикадар Варфа. Според него, неколку минути подоцна комбе со голема брзина удрило во групата луѓе.

Весникот Times повикувајќи се на очевидецот Абдулрахман Салех Аламуди пишува дека возачот извикувалл дека сака „да ги убие сите муслимани“.

Полицијата била повикна околу 23,20 часот по локално време во неделата поради судар на улицата Севен Систерс во којашто се наоѓа џамијата „Финсбари Парк“ во северен Лондон.

Очевидец за телевизијата CNN рекол дека е очигледно оти напаѓачот за цел ги имал муслиманите. „Се обиде да убие што е можно повеќе луѓе, па очигледно станува збор за терористички напад. Овојпат цел беа муслиманите“, истакнал сведокот кој се идентификувал само како Раван. Друг очевидец истакнал за телевизјата Sky News дека возилото погодило најмалку дестина луѓе.

Заменикот на генералниот секретар на Муслиманскиот совер, Микдаад Верси, изјави дека комбето намерно свртело во групата луѓе кои му помагале на болен маж кој паднал на земајта. Додал дека возачот се обидел да побегне, но дека луѓето го фатиле и го задржале до доаѓањето на полицијата. Сведоци за Sky News рекле дека имамот на џамијата го штител возачот од разгневената толпа.

Британија изминатите месец беше цел на низа напади. Последниот се случи на 3 јуни кога тројца исламистички напаѓачи се забија со комбе во минувачи на Лондонскиот мост и нападнаа минувачи со ножеви и гости во блиските ресторани и барови, убивајќи притоа осум луѓе. Претходно маж во изнајмен автомобил на 22 март се заби во пешаци на Вестминстерскиот мост во Лондон и нападна полицаец со нож, убивајќи притоа вкупно пет лица. Бомбаш самоубиец на 22 мај уби 22 лица на концерт на американската поп ѕвезда Аријана Гранде во северниот град Манчестер.

Овие напади беа тема на политичката кампања пред избрите кои се одржаа на 8 јуни. Многумина на премиерката Тереза Меј ѝ забележваат дека во времето кога беше министерка за внатрешни работи меѓу 2010 и 2016 година го намалила бројот на полицајците за 20.000.