Свет

Еден загинат, осум повредени во судир на два воза во Австрија

Еден загинат, осум повредени во судир на два воза во Австрија

Едно лице загина, а осуммина се повредени, од кои двајца потешко, во директен судир меѓу два регионални воза во јужниот дел на Австрија.

Машиновозачот на едниот воз им подлегнал на повредите, додека неговиот колега од другиот воз и една 60-годишна патничка, во критична состојба,  со хеликоптер под итно биле пренесени во болница. Други шест патници се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила во близина на јужниот австриски град Грац.

Возовите се судриле на еднонасочна железнилка линија.

Според портпаролот на железниците, едниот машиновозач го игнорирал сигналот за запирање при наближување до железничка станица.