Еден загинат во експлозија во редакција на турски весник

Две жени се напаѓачи на американскиот конзулат во Истанбул
Две жени се напаѓачи на американскиот конзулат во Истанбул

Експлозија се случила синоќа во редакцијата на турскиот месечен весник „Адимлар“ во Истанбул, при што загинало едно лице.

Полицијата смета дека експлозијата во весникот претставува бомбашки напад.

Редакцијата на весникот, кој важи за близок до екстремистичката група Исламски фронт на борците на Големиот Исток (ИБДА-Ц), се наоѓа на третиот кат на една станбена зграда во истанбулската населба Кагитане.

Турските весници наведуваат дека месечникот во минатот бил поврзуван и со неколку исламиситчки групи, меѓу кои и со џихадистичката Исламска држава.

Во последните изданија „Адимлар“ ги заостри критиките кон Курдската работничка партија (ПКК), па од таму, турските медиуми, оценуваат дека не е исклучено зад нападот да стојат курдските борци.

Инаку организацијата ИБДА-Ц, која се залага за воведување на шеријатското право во Турција и ја смета турската секуларна влада за илегална, презеде одговорност за нападитe врз две синагоги и филијалата на британската банка ХСБЦ во Истанбул во ноември 2003, при што загинаа 57 лица, а околу 700 беа ранети.