сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Еден загинат во сообраќајка во Кочани

Вчера во 15.50 часот во Кочани, на ул. „Страшо Ербапче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г. (56) од Кочани, патничко моторно возило „Опел Астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од село Нивичани, Кочанско и патничко моторно возило „Шкода Фабија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В. од населба Оризари.

загинат

Поврзани вести

Во незгодата на местото на настанот починал Ј.Г., возач на патничко моторно возило „Хјундаи“.  Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица – Кочани.

Притоа бил извршен разговор со сопругата на Ј.Г., која појаснила дека непосредно пред сообраќајната незгода најверојатно нејзиниот сопруг добил срцев удар и изгубил контрола над возилото, по што ја предизвикал сообраќајната незгода. Возачите се алкотестирани, при што не е утврдено присуство на алкохол во крвта, а додека на починатиот е земено крв за анализа. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб и над истото не е извршена обдукција.

Најчитани вести