Еден загинат во сообраќајна несреќа во Струмичко

Вчера околу 07,30 часот на локалниот пат с. Ново Село – Мокриево, на влезот во с. Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “опел вектра” со струмички регистарски ознаки излетало од патот и на лице место починал Горан П.(31) од с. Ново село, струмичко.

Со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник З.П.(31) од истото село, по укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица истиот е задржан за понатамошно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.