Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Дебар – Маврови Анови

Тешка сообрќајна несреќа се случила на патот Дебар – Маврови Анови, на Скудрињски мост.

Комбе „мерцедес“ управувано од Франгу С. (62) од Дебар излетало од мостот и паднало во реката Радика.

Од незгодата на лице место починал Франгу С. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.