вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 32

Еди Рама индиректно најави: Ако Македонија не го смени името и не влезе во ЕУ, нејзините граници се загрозени

Покровителот на Тиранската платформа, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека „промената на границите ќе дојде на маса ако балканските земји не се интегрираат во ЕУ. Имајќи го во предвид фактот дека Македонија не може да се интегрира во ЕУ без промена на името, албанскиот премиер индиректно најавува дека ако Македонија не го смени името и не влезе во ЕУ, нејзините граници се загрозени.

133632719

Поврзани вести

-Границите на Балканот се безбедни сè додека балканските земји се насочени кон интеграцијата во Европската Унија, но доколку овој процес пропадне, тогаш и дебатата за границите ќе се врати на маса, рече албанскиот премиер Еди Рама на прашањето дали постои опасност од нивна промена.

Ова Рама го изјавил во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Имајќи го во предвид фактот дека Македонија не може да се интегрира во ЕУ без промена на името, албанскиот премиер индиректно најавува дека ако Македонија не го смени името и не влезе во ЕУ, нејзините граници се загрозени.

Многу аналитичари и политичари изминатиов период предупредуваат дека крајната цел на сценариот со кое Макеоднија веќе се соочува со години е промена на името и идентитетот. Дека нема евроинтеграција за Македонија без промена на името потврди и Артан Груби во изјава за медиумите неодамна.  Груби во дебатна емисија изјави дека  на сите им било јасно дека без промена на името не можело да се направи прав исчекор кон ЕИ и НАТО, нагласувајќи дека овие резултати во Собранието можеле да овозможат решение и да се заокружел случајот со името.

-Сите ние што сме тука знаеме и не само ние, туку и Вашингтон и Брисел дека ако Македонија не го смени името во согласнот со барањата на Атина, не може да направи прав чекор кон НАТО и ЕУ. Името не може да го промени ниту ДУИ, ниту БЕСА, ниту пак ВМРО сами или пак СДСМ сами. За името треба сите заедно да постигнеме консензус и можеби ова е една многу добра можност и ако се има добра волја, овие резултати во Сoбранието можат да ни овозможат решение да го заокружиме случајот со името, рече Груби.

Со ова практично се потврдуваат ставовите на експертите дека слабеење на државата со цел промена на името е главната цел на операцијата за промена на власта.  Станува збор за една поопширна операција чие сценарио почна со стекнувањето на Заев со илегално снимани и креирани материјали, потоа продолжи со обид за изборен и постизборен инжинеринг, па со игнорирање на волјата на мнозинството Македонци дадена на слободните парламентарни избори.

Следуваше креирање на албанската платформа од Еди Рама чија цел е редефинирање на државата и инсталирање на „тиранска влада“ со клучно соросово влијание, за да на крај се промени името на Македонија.

Точката 5 во тиранската платформа предвидува решавање на спорот за името во согласност со европските вредности, што е само параван за формулацијата дека Македонија ќе мора да го смени уставното име и идентитетот. Во истата точка се предвидува Македонија да донесе резолуција дека е подготвена да го смени името а во целиот процес за договор по желба на Грција да бидат вклучени и етничките Албанци, што според експертите не е ништо друго освен притисок за слабеење на македонските позиции во спорот со јужниот сосед.

Освен Груби, слична изјава претходно даде и политичкиот аналитичар, кој беше министер и кандидат за претседател на СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

-Со американските партнер, ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план, влез во НАТО директно ќе ја дигне владата на едно ново нив. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин, ќе има шанса, ќе се постави тоа на маса и треба таа шанса да грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, истакна Фрчкоски.

Коалицискиот партнер на СДСМ, Зијадин села имаше многу скандалозни изјави, во кои го негираше македонскиот идентитет.

-Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ, вели Зијадин Села во скандалозната изјава.

Најчитани вести