Еди Рама поддржува истрага за случајот во Куманово

Премиерот Еди Рама, на својот Фејсбук напиша „Воспоставувањето на правдата за случај на Куманово, каде што имало десетици жртви и повредени, е камен-темелник за соживот меѓу луѓето од различни етнички групи”.  Повод за неговиот пост е барањето на Германија за истрага за настаните во Куманово.

Вчера шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер, ги повика македонските власти да извршат “темелна и транспарентна” истрага за операцијата на полицијата во Куманово и настаните што следеле.

Рама завчера изјави дека е можно Албанија да стави вето за членство на Македонија во НАТО, доколку во целост не се спроведе Охридскиот договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.