Балкан

Еди Рама пристигна во Белград

Еди Рама пристигна во Белград

Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во официјална посета на Белград. Инаку ова е прва посета на албански државник по 68 години, по посетата на Енвер Хоџа на поранешна Југославија. 

Еди Рама беше пречекан од страна на српскиот премиер Александар Вучиќ, а во делегацијата беа и министрите Ивица Дачиќ, Небојша Стефановиќ, Жељко Сертиќ и директорот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ.

Предвидено е Вучиќ и Рама да имаат тет-а-тет средба, по што делегациите на двете земји ќе одржат пленарна седница. На средбата предвидено е и потпишување на договори.

За денешната посета на Србија на албанскиот премиер, што е прва официјална посета на највисоко ниво на албански државник по 68 години, акредитирани се околу 200 новинари.

Посетата на албанскиот премиер првично беше закажана за 22 октомври, но беше одложена поради инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу националните тимови на Србија и Албанија на 15 септември во Белград.