Еди Рама во посета на Приштина

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Приштина ќе го открие споменикот на Исмаил Џемали, кој како што пренесуваат приштинските медиуми, ќе ја симболизира неговата улога за независност на Албанците и за „развивање на албанскиот народ“.

Општината Приштина соопшти дека споменикот ќе биде поставен во соработка со општината Валона, пренесува МИА.

Градоначалникот на Приштина, Спенд Ахмети во ноември 2014 година со делегација интелектуалци од градот Валона се договорија околу деталите за проектот за поставување споменик на првиот премиер на независна Албанија, Исмаили Џемали во Приштина и на Хасан Приштинa во Валона.