Единаесет Албанки протерани од Македонија поради нелегален престој

Полицијата во голема акција во селата Велешта и Радолишта, открила 11 албански државјанки кои нелегално престојувале во Македонија.

На истите им била поднесена прекршочна пријава, им била изречена глоба како и мерка протерување од територијата на Р.Македонија.

Лицата преку граничниот премин Ќафасан биле депортирани во Албанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.