Единаесет лица загинаа во голем пожар во фабрика во Москва

Во московска фабрика во која изби голем пожар, пожарникарите пронашле 11 тела, изјави портпаролот на Рускиот истражен комитет, Јулија Иванова.

Полицијата спроведува истрага за да ги утврди причините за смртта и за тоа дали пожарот е подметнат.

Според некои информации пожарот можеби е намерно предизвикан, со цел да биде прикриено друго злосторство.

Истражните органи потврдија дека во синоќешниот пожар се уништени или оштетени три илјади квадратни метри од објектот за шиење на облека во улицата Строминка во источна Москва.

Кривичната истрага е покрената кога пожарникарите почнале да ги пронаоѓаат телата на жртвите.

Полициски претставник претходно изјави дека идентитетот на жртвите се уште не е утврден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.