Единаесет мигранти загинаа во нов инцидент во Егејско Море

Единаесет мигранти, меѓу кои три деца се удавија денеска во Егејско Море, во близина на турскиот брег, во нов инцидент со чамец кој пловел кон грчките острови.

Седуммина мигранти, кои исто така се наоѓеле во чамецот, биле спасени од турската крајбрежна стража.

Чамецот испловил од турскиот град Кушадаси, кој се наоѓа веднаш спроти грчкиот остров Самос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.