Единаесет непобитни знаци дека не ја поднесувате вашата работа

Ако случајно се препознаете себе си, можете да направите само едно – направете го конечно вашето ЦВ.

  1. Се виткате од маки кога ќе се сетите на ентузијазмот и наивноста кога на почетокот сте биле горди што сте почнале да работите на тоа место, затоа што сте сфатиле дека компанијата е катастрофална и дека никогаш нема да добиете прилика за да напредувате.
  2. Сте сфатиле дека е подобро да не ве интересира што мисли вашиот шеф за било што. Едноставно тука сте, но не сте присутни во целост. Како тоа порано не ви текнало?
  3. Наоѓате изговори за сите забави на компанијата. Луѓето што се напорни и ве замараат, плус пијалокот, минус вашата инхибиција, тоа е еднакво на опасност!
  4. Секогаш навреме излегувате од работа и навреме одите на ручек. Прекувременото работење е за оние ентузијасти што мислат дека се среќни што се вработиле.
  5. Имате фина линија помеѓу ведрата насмевка и насмевката „која убива“, благодарение на секојдневното усовршување.
  6. Од омразата кон шефот се родило големо пријателство. Колку е иронично да верувате дека омразата може да ги спои луѓето.
  7. Веќе го усовршивте изгледот дека сте постојано зафатени. Луѓето всушност мислат дека постојано нешто работите па не ви поставуваат премногу прашања.
  8. Сонувате за тоа да најдете нова работа. Било каква работа. Подготовка на колачи, на пример, делува како кариера од соништата.
  9. Се радувате кога мора да излезете од работа среде работно време. Преглед кај забар? Во среда во три часот? Идеално.
  10. Престанавте да се заложувате за унапредување, затоа што знаете дека „ќе фатите магла“ штом ви се укаже некоја подобра прилика.
  11. Единствено се движите во правецот на изнаоѓање излез кон нешто што е подобро. Дотогаш совршените соништа за идеалното работно место продолжуваат.