Македонија

Единаесет полицијци добиле отказ за собраниските настани од 27-ми април

Единаесет полицијци добиле отказ за собраниските настани од 27-ми април

Вкупно единаесет полициски службеници и вработени во Министерството за внатрешни работи добиле отказ поради собраниските инциденти на 27-ми април, откако биле потпишани во петокот по завршената дисциплинска постапка против вработените, а најгоелм дел од отпуштените се вработени во Шестата управа за
обезбедување на важни личности и објекти.

Против тив нив била покрената постапка откако на снимките се гледало дека не преземаат ништо додека пратеници ги отвораат собраниските врати за да влезат
демонстрантите.

Во МВР продолжуваат дисциплински постапки против уште 60-тина припадници на
МВР и полицајци кои или учествувале во упадот како демонстранти или пак не презеле ништо за да се спречат насилствата во Собранието.