Единаесет неверојатни нешта што влијаат на вашите соништа

Го мразите тоа што вашата свекрва постојано ви се меша во бракот, па воопшто не е чудно тоа што сонувате како и велите да се повлече, затоа што преку соништата вашиот мозок ги решава нерешените проблеми. Но како да се објасни ненадејната појава на кошмари или на неверојатно реални визии?

Еве 11 неверојатни нешта што може да влијаат на тоа што го сонувате или на тоа колку добро ќе ги помните соништата.

  1. Мириси

Дали слатките мириси водат до слатки сништа? Едно истражување докажало дека мирисот на цвеќиња во одреден дел од сонот води до повеќе позитивни соништа, додека мирисот на сулфур е поврзан со негативните.

  1. Звуци

Се будите откако сте сонувале дека сте заглавени во зграда што гори и сфаќате дека алармот за пожар што го слушате всушност е вашиот часовник. Според Д-р. Дидре Барет, асистент на Харвард, постои тесен простор низ кој звуците може да влезат во вашите сништа.

Тие треба да бидат доволно тивки за да не ве разбудат, но доволно гласни за да ги слушнете. Па затоа пуштете снимка од звуци од океан додека спиете. Така можеби ќе сонувате море или океан и ќе се чусвтвувате порелаксирано.

  1. Зачинета храна

Се што предизвикува тешко варење – сирење, зачинета храна, обемен оброк – ќе ве натера повеќе да се превртувате, поради што поголеми се шансите да го помните тој кошмар. Затоа јадете најмалку два часа пред да си легнете да спиете и мудро изберете ја вечерата. Со оглед на тоа дека и кофеинот може да го има истиот ефект најдобро е да не пиете кафе по 14 часот.

  1. Спиење на стомак

Често сонувате неудобни соништа? Тогаш треба да знаете дека спиењето во неудобна положба, односно на стомак може да влијае на сонот. Новата студија објавена во „Journal Dreaming“ дека спиењето на стомак може да се поврзе со срамните соништа – како тие дека имате секс со некого додека сте врзани. Истражувањата велат дека тоа може да се поврзе со начинот на дишење во таа позиција. За да престанете да сонувате вакви соништа, прилагодете ја вашата позиција на спиење.

  1. Витамин Б6