Единаесет неверојатни нешта што влијаат на вашите соништа

Витамин Б6

Иако сеуште не постои детално истражување дали витаминот Б6 може да влијае на тоа што сонувате пореални соништа, на интернет постојат голем број статии кои велат дека тоа е така. Спред Д-р. Барет тоа има совршено биолошко објаснување:ќ

-Б6 е фактор што нашето тело го користи за да ги преработи аминокислеините во невротрансмитери што влијаат на нашиот сон. За да престанете да сонувате реални соништа престанете да ги земате витамините. Но, доколку сакате повеќе да сонувате, задржете се на препорачаната днневна доза, затоа што претераното земање на овој витамин може да предизвика нервно пореметување или вкочанетост со текот на времето.

  1. Антидепресиви

Да, тие таблети би требало да ве смират, а може да предизвикаат кошмари. Тие предизвикуваат многу поголемо и побрзо движење на очите, поради што кошмарите често може да бидат еден од несаканите ефекти што се јавуваат кога пиеме вакви таблети.

  1. Откажување од пушење цигари

Реалните соништа често може да бидат последица на откажувањето од цигари и според едно истражување околу 63 отсто од пушачите сеуште сонувале дека пушат цигари и по една година. Со сигурност, можеби се борите со главниот проблем во моментот (односно со фактот дека навистина сакате цигара), но намаленото ниво на никотин исто така ја зголемува активнсота на мозокот на тој начин што ќе направи да сонувате повеќе. Совет: Држете се цврсто до вашата одлука. Невроните најверојатно ќе се смират, а вашите бели дробови ќе бидат многу поздрави.

  1. Црно бели филмови

Ако сте растеле пред телевизорите во боја да бидат актуелни, тогаш најверојатно ќе сонувате во црно-бело. Според една британска студија ако на возраст од три до 10 години сте гледале црно –бели филмови неможете многу да направите за да ја промените палетата на бои на вашите соништа.

  1. Легнување во кревет додека сте гладни

Се борите да ја држите диетата, и најверојатно имате соништа што докажуваат дека се борите. Ниското ниво не шеќери во крвта може да ве рабзуди од сон, поради што ќе паметите многу повеќе соништа и тие соништа најчесто ќе опфаќаат вкусна храна.

  1. Хорори пред спиење

Ова сте го слушале уште додека сте биле деца. Страшните филмови може да предизвикаат кошмари. Најверојатно токму она што го правите пред спиење, музиката што ја слушате, книгата што ја читата, телевизиското шоу што го гледате, најверојатно ќе влијае на вашиот сон. Ако сте гледале страшни филмови пред спиење, одвоете барем пет минути за да го репрограмирате вашиот мозок – потсетете се на среќните мигови во вашиот живот.

  1. Бременост и постпородилен период

Вашето бебе е изгубено, па го барате, ја тргате постелнината или го барате сопругот напомош. Дали овој кошмар е типичен за анксиозноста на бремените жени? Според истражувањата: Да! Истражувањата покјажуваат дека е сосема вообичаено да имате екстремно живи соништа за време на бременоста и по раѓањето на вашето дете, што се должи на измешаните емоции, недостатокот на сон и „збеснатите“ хормони. Со оглед на тоа колку многу промени се случуваат со нашето тело за време на бременост и раѓањето, неможе многу да се направи за да ги контролираме. Но, овие соништа се знак дека вашиот мозок ви помага да се прилагодите на оваа голема промена во вашиот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.