Крими хроника

Единаесет сообраќајки во Скопје, повредени шест лица

Единаесет сообраќајки во Скопје, повредени шест лица

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, пет со полесни, а во пет е причинета материјална штета во вкупно 11 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци. Од страна на сообраќајната полиција издадени се 25 прекршочни платни налози и 57 мандатни платни налози за сторени прекршоци од областа на сообраќајот.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 64 возила.