Единаесет воздухопловни напади врз борбените позиции на ИД во Сирија и Ирак

Од вторникот воздухопловните сили на САД предводеле шест воздушни напади против ИД во Сирија и пет во Ирак, објави Ројтерс.

Нападите во Сирија биле сконцентрирани врз пограничниот град Кобане, при што биле уништени девет борбени позиции на милитантите.

Во Ирак, петте напади биле во близина на Рамади, Ал Каим, Ал Асад и Мосул, при што биле погодени различни борбени позиции, како што се згради и бродови кои ги користат џихадистите од ИД.