Единаесет затруени од храна во познат скопски ресторан

Вкупно 11 лица биле прегледани на Клиниката за инфективни болести, а едно лице било хоспитализирано, по масовното труење со храна во познат ресторан во село Мирковци во општината Чучер Сандево.

Како што информираат за Нетпрес од Клиниката за инфективни болести, кај сите лица било утврдено дека станува збор за труење со храна.

Пациентот кој бил хоспитализиран во момeнтов е во добра здравствена состојба, со клиничка слика во регресија, односно со тенденција на подобрување на здравствената состојба.

Засега не се открива точно за кој ресторан станува збор, се додека и официјално не бидат објавени резултатите од Заводот за јавно здравје. Но, како што велат од Инфективна, сите пациенти биле примени со истата епидемиолошка слика, откако претходно во познат скопски ресторан консумирале крем салати со мајонез, павлака и скара.

Како што претходно објави Канал 5 во ресторанот биле присутни 60- тина лица на семејна прослава, а оние кои побарале лекарска помош, имале полесни симптоми на труење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.