Единицата за специјални задачи одбелелужа 34 години од постоењето

Единицата за специјални задачи при Министерството за внатрешни работи денес ќе одбележи 34 години од постоењето.

На одбележувањето кое ќе се одржи во касарната Илинден ќе присуствува министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Тигрите“ ќе реализираат тактичко показна вежба, а ќе биде прогласен и најрепрезентативен тим во единицата и најдобриот припадник во 2014 година.