Единствената преживеана во тешката сообраќајка сеуште се бори за живот

Деветнаесетгодишната Валентина која е единствената преживеана во тешката сообраќајна несреќа во Ресеник во близина на Белград сеуште се бори за живот.

Србинката доби многу тешки повреди и веќе два дена е во болница.

Докторите креваат раменици и велат дека прават се што е во нивна моќ, но состојбата на повредената девојка е непроменета.

До страотната сообраќајка дошло кога возач на камион со турски таблички најверојатно заспал зад воланот, прешол во спротивната коловозна лента при што на него налетало „реното“. Возачот на камионот не е повреден, но полицијата го привела поради предизвикување на сообраќајката.

Во тешката сообраќајна несреќа животите ги загубија Даниел Доминиковиќ (22) , Кристијан Фазлија (20), неговата девојка Исидора Демири (19) и нивниот роднина Сеад Круези (20).