Единствениот модел чевли што ќе ви биде потребен оваа пролет

Новиот дизајн и проверениот модел на сандали кои го поседуваат здивот на 70-тите повторно се враќаат на модната сцена. Сите дизјанери се согласни дека мул сандалите ќе ја одбележат оваа пролет!

За сезоната пролет/лето голем број модни брендови подготвија различни веризии на овие сандали.

chevli-prolet-2

Тие се појавуваат можеби во вистински момент, затоа што можеби повеќе од било кога ни е потребно освежување од римјанките и рамните сандали. Покрај тоа што имаат мошне интересна силуета, тие се мошне удобни и стабилни поради што ќе посакате да поседувате барем уште еден таков пар во вашата колекција.