Единствено решение за Македонија е заминување на оваа власт

Имаме држава во која рушењето е главна активност, ништо ново не доградија од претходно, ниту пак нешто ново почнаа да градат. Главниот проблем е што не прават ништо. Не работат. Сликата за Македонија не е розева како што изгледа од удобните фотељи во зградата на „Илинденска“, туку вистинската слика е на терен, меѓу граѓаните кои го живеат секојдневието, истите тие кои владата за само 2 месеци ги задолжи за нови 455 милиони евра или секое домаќинство по нови 1.000 евра, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за НетПрес.

Тој се осврнува на повеќе прашања меѓу кои и контроверзниот закон за јазици за кој вели дека е егзибиција на владата која создава создава поделено општество и слабеење на државата „преку креирање на тензии и дефокусирање на енергијата“.

Во однос на спорот за името Мицкоски смета дека „особено загрижува што непосакувани чекори и тензии како законот за јазици, дополнително ги намалуваат перформансите на државата“ во однос на позициите на Македонија.

На крајот тој најавува дека решението е оваа влада да падне и тоа што побрзо за штетата да биде помала. Мицковски вели дека, пролетва, ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица на масовни демонстрации со поставувања на барања по кои оваа непособна влада мора да си оди…

Целосното интервју прочитајте го тука.