Едмонд Темелко замина во домашен притвор, откако писмото стаса во затворот во Шутка

По два месеца минати во притвор, градоначалникот на општина Пустец, единствен Македонец во соседна Албанија, Едмонд Темелко, од понеделникот е во својот дом во Ресен, откако од Истражниот затвор Скопје потврдија дека тој попладнето по 13 часот бил транспортиран дома со возило од полициската станица во Ресен.

Куќниот притвор следува по барањето на одбраната на Темелко со образложение дека тој се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и му е неопходен редовен лекарски надзор. Ваквото барање го прифати Ккривичниот совет по што од Управата за извршување санкции е испратено известување дека Едмонд Темелко денеска треба да го напушти Истражниот затвор Скопје.

Инаку градоначалникот на Пустец беше во притвор по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), бидејќи не ја почитувал претходно изречената мерка за редовно пријавување кај надлежните истражни органи.

Едмонд Темелко е обвинет во случајот Титаник кој го води СЈО а го товари за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.