Магазин

Една година криел од својата девојка дека е роден без пенис

Една година криел од својата девојка дека е роден без пенис

Четириесетгодишниот Ендрју цела година од својата девојка криел тајна за себе. Имено, тој е роден без пенис.

Ендрју е роден со тестиси, но не и пенис. Оваа состојба е толку ретка што дури еден од шест милиони мажи го има овој проблем, но Ендрју вели дека тоа не му пречело да води нормален живот. Тој дури тврди дека бил со повеќе од 100 жени.

Нивната врска започнала во 2012 година. 25-годишната Федра живее во Будимпешта, а Ендрју (40) во Манчестер. Специфичната состојба со која е роден ја криел од својата девојка тврдејќи дека избегнува интимност затоа што има тешка инфекција на бубрегот. На крајот, Федра сепак ја дознала вистината.

„Не се чувствував измамено. На крајот од краиштата, јас сум само негова девојка, тоа е сепак негова приватна работа“, тврди Федра.

Како што вели Ендрју, реакциите биле различни. Имало девојки кои немале разбирање за неговата специфична ситуација, а една дури му удрила шлаканица кога ја дознала вистината.

Сепак, Федра не реагирала така. Со своето сегашно момче се запознала на одмор. Ендрју веднаш и` се допаднал.

„Мојот прв впечаток кога го запознав беше дека е многу духовит. Тој е навистина прекрасен“, вели Федра.

Ендрју сега се подготвува за многу операции кои ќе му овозможат да добие полов орган. Некои од овие интервенции дури ги прават експерти за промена на полот.

Иако нивната ситуација е необична, Федра не планира да раскине со своето момче. Напротив, таа верува во нивната заедничка иднина.

„Јас навистина верувам дека не сме животни. Секоја вечер кога одиме во кревет, многу долго разговараме по телефон. Никогаш сум немала таква врска со некој каква што имам со него“, вели Федра.