Македонија

Една година „Мој термин” – Прегледани над милион пациенти

Една година „Мој термин” – Прегледани над милион пациенти

Проектот “Мој термин” на министерството за здравтво одбележа една година функционирање во јавните здравствени установи и аптеки во Македонија, пишува здравство24.мк.

За периодот од 1 јули 2013 до 1 јули 2014 година преку “Мој термин” прегледани се вкупно 1.016.653 раазлични пациенти. Лекарите искреирале 4.219.858 упати за понатамошно лекување на пациентите, а биле издадени 20.248.511 рецепти за најразновидна терапија.

Целта на проектот е да се растеретат гужвите пред амбулантите, пациентите да не чекаат со часови туку во точно закажано време да се се јават на преглед или снимање. Неколку дена прeд прегледот пациентите се потсетуваат со СМС пораки. “Мој термин” не важи за итните случаи.