Една година од формирањето на тетовско-гостиварската епархија

Со света божествена литургија во храмот „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово беше одбележана годишницата од формирањето на тетовско-гостиварската епархија и интронизацијата на митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф. Со едноцрквието  чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан во сослужение на повеќе архиереи.

„Добриот пастир она што го говори треба со дела да го поткрепува. Добивме архиереј кој е и ќе остане верен на оној кој го постави, дека неговото слово ќе биде светилник за нозете и светлина за патеките на доверениот му народ. Владико утешувај го овој народ и покрај многуте искушенија поучи го да се радува, усовршува“,  рече поглаварот на МПЦ.

Возобновување на духовниот и црковниот живот во тетовско-гостиварскиот крај беше нашата мисија во изминатата година, рече митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф.

„Ова е радосен ден. Се надевам дека како што почнавме, така и ќе продолжиме. Во изминатата година ја целосно го реновиравме храмот „Св. Кирил и Методија“ во Тетово, а продолжуваме со комплетно реновирање на Конакот на Лешочкиот манастир за следната година, со поддршка од Министерството за култура“, истакна  господин Јосиф.

Возобнова и заживување на монашкиот и богослужниот живот во овој крај е следната мисија на митрополитот Јосиф.  Како што истакна тој, во црквите има се повеќе млади, со тоа оваа црква живее и ќе продолжи да живее и понатаму.