Една година од пожарот во „Трескавец“

На четвти февруари се навршува една година од пожарот во кој изгореа конаците во манастирот „Трескавец“.

За таа цел на денешната средба со новинарите беше истакнато дека Заводот и музеј работи на дополнување на основниот проект за санација, реконструкција и реставрација на конаците, во согласност со насоките што ги дала комисијата од Националниот конзерваторски центар.

Во тек се дополнувањата односно корекциите што беа посочени, а се однесуваат на решенија за армирано бетонската конструкција и корекција на детали на дрвените елементи, заради постигнување автентичност на конаците. Ќе се работи студиозно за да се завршат дополнувањата како што треба по сите насоки на комисијата, пред сѐ поради поголема стабилност на објектот и за естетскиот изглед и автентичноста на конаците. Инаку, се работи за голема површина од 1.400 квадратни метри – вели Гордана Д. Спироска, директорка на прилепскиот Завод и музеј.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека од интерес на градот е што поскоро да се возобноват опожарените конаци од манастирскиот комлекс „Трескавец“.

„Сега кога се изгради патот, кога има интерес за посета на манастирот, очекуваме возобновувањето да заврши побрзо, вложуваме во развој на манастирскиот туризам и очекувањата се годишно над 100 илјади посетители да доаѓаат на ‘Трескавец’“, релче тој.

Градоначалникот на Прилеп упати апел до сите граѓани на Македонија да ја покажат својата хуманост и да донираат на жиро-сметката на манастирот за изградбата на конаците.