Една година од соединувањето на Крим со Русија

Крим денеска одбележува една година од потпишување на документот за присоединување на полуостровот кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша овој документ два дена по референдумот на кој 97 отсто од гласачите во овој дел на Украина се изјаснија за анексија, пренесе МИА.

Кремљ тогаш соопшти дека Путин потпишал указ за признавање на Крим како суверена држава.

– Русија, имајќи ја предвид волјата на народот на Крим изразена на референдум од 16 март 2014 година, одлучи да ја признае Република Крим како суверена и независна држава, каде градот Севастопољ има посебен статус, се наведува во текстот на указот објавен од кабинетот на шефот на руската држава.

Путин тогаш во телефонски разговор со американскиот колега Барак Обама изјави дека референдумот на Крим е одржан целосно во согласност со меѓународното право