Една година затвор за д-р Ставриќ

За примање на поткуп и посредување при вадење на инвалидски пензии , судот денеска донесе пресуда од една година затвор за д-р Дејан Ставриќ.

Д-р Ставриќ се терети дека на оштетениот Владо Кузмановски, му побарал поткуп за да му посредува при поднесување на барање за добивање на инвалидска пензија.

Кузмановски додава дека тој се сомнева дека воопшто бил некогаш опериран на окото од страна на докторот. По операцијата, Ставриќ, го известил пациентот дека нема да му се поврати видот, бидејќи окото му е 90 отсто оштетено.
За да земе инвалидска пензија, на Кузмановски, му биле побарани 2 илјади евра, по 500 за тројцата членови на комисијата, како и за него.

Сепак, по апсењето на Ставриќ, Кузмановски добил инвалидска пензија.