Една година затвор заради Хашиш на синот на Морси

Судот во Каиро го осуди на една година затвор најмладиот син на соборениот египетски претседател Мохамед Морси заради поседување и консумирање хашиш. Абдула Морси стар 20 години, вчера не бил во судот кога судијата ја соопштил пресудата. Тој после апсењето во март на слобода остана со плаќање на кауција, пренесе АП.

Морси е уапсен во друштво на еден пријател кога полицијата се посомневала дека пушат цигари хашиш пред еден пат на источниот дел на Каиро. Морси и таа личност добиле по една година затвор.

Семејството на Морси соопштило дека судскиот процес против Абдула, како и пресудата, обидот да се извалка нивниот углед, како и да се пресмета со исламистите.

Таткото на Абдула Мохамед се наоѓа во затвор откако со воен удар беше соборен од власт минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.