Една од најпознатите кинески телевизии ќе снима репортажа за Охрид

Наредниов период Охрид туристички поагресивно ќе се промовира на кинескиот пазар со цел привлекување поголем број кинески туристи кај нас.

По неодамнешната работна посета во Кина, градоначалникот Никола  Бакрачески очекува кинеските тур – оператори и туристички агенции да го вклучат Охрид во туристичките европски тури.

При работната псета во збратимениот град на Охрид, Далјан , договорено е националната телевизија која покрива популација на гледачи од околу 7 милиони жители а во соработка со други државни телевизии гледаноста е 100 милиони жители, да сними промотивна репортажа за Охрид.

Целосниот прилог можете да го погледнете на следниот ЛИНК: http://ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=4522

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.