Една од најпознатите порно актерки отиде во пензија

Порно актерката која зад себе има огромен број филмови за возрасни, објави дека се пензионира.

Лиса Ен повеќе од 20 години е во порнографијата, а на 42-годишна возраст има снимено точно 445 порно филмови.

Освен како актерка, таа работеше и како режисерка на бројни проекти за возрасни и сопственичка е на продуцентската куќа „Лиса Ен продакшн“.

Денес Лиса Ен има 42 години и реши да објави дека конечно се пензионира од оваа професија.

penz

На својот Фејсбук профил таа со обожавателите ја сподели оваа вест, а постави и фотографии од рачно напишано проштално писмо.

-Драг свету, во сите овие прекрасни години имавме многу личен и интимен однос. Не можам да смислам поубав начин за споделување на моите мисли отколку да одвојам време и рачно да напишам писмо. Писмото морам да го започнам со заблагодарување. Ви благодарам за сите овие години, започнува таа.