Канческа Милевска: Една од огромните заложби на Владата е од културата да има секој граѓанин бенефи

Канческа Милевска: Една од огромните заложби на Владата е од културата да има секој граѓанин бенефи
Канческа Милевска: Една од огромните заложби на Владата е од културата да има секој граѓанин бенефи
Без почит кон својата сопствена култура, нема да имаме иднина. Сите овие инвестирања беа од огромна важност за унапредување на културниот развој во Република Македонија и во иднина ќе продолжиме во таа насока да вложуваме и инвестираме во сопствената култура, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на вечерашната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Таа посочи дека реализирани се многу проекти и како никогаш досега се вложувало во културата и културно историските уметнички вредности.

-Една од огромните заложби на Владата е од културата да има секој граѓанин бенефит. Се надевам дека преку најразлични проекти и манифестации го подигнавме нивото на нашиот културен развој, посочи Канческа Милевска.

Таа додаде дека за следниот период планирана е голема светска промоција на локалитетот Кокино.