Една причина повеќе да се напиете кафе

Сите оние кои овожуваат кафе и не можат утрото да го замислат без него, можат да воздивнат. Најновото истражување покажало дека омилениот утрински пијалак е всушност добар за црниот дроб.

Докажано е дека луѓето кои секојдневно внесуваат поголема количина на кафе, три или повеќе, ги намалуваат нивните лоши енземи во црниот дроб, а ефектот се постигн ува и со кафе без кофеин.

Авторот на истражувањето, доктор Киан Ксиао од Мериленд, вели дека и претходните истражувања покажало дека кафето има позитивно влијание на црниот дроб, но да не е познато во колкава мерка истиот ефект го има кафето без кофеин.

За да се утврдат ефектите на безкофеинскто кафе на црниот дроб, Ксиао и неговите колеги ги користеле претходните податоци и направиле свое на истражување спроведено врз 27.800 испитаници постари од 20 години, а резултатите го потврдиле сомневањето дека кафето без кофеин може позитивно да влијае на работата на црниот дроб.