Една работа е поважна за мажите од облините на женското тело

Истражувањата покажуваат дека обликот на лицето е еден од факторите што влијаат на должината на врската.

Истражувачите пред мажите ставиле фотографии од различни облици на лице. Потоа, тие требало да ги изберат оние ликови со кои би можеле да се впуштат во долга врска. Исто така требало да изберат и едно лице со кое би сакале да имаат кратка авантура.

Резултатите се занимливи. Жените со „меки“ црти, мала брада, исполнети образи, односно со најженствени црти на лицето се избрани како најпожелни за кратка авантура. Од друга страна, жените што имаат квадратен облик на вилицата и посилно изразени образи се избрани за долга врска.

По истражувањето, научниците го поставиле прашањето зошто изборот бил токму ваков, но мажите незнаеле да дадат конкретен одговор. Некои велеле дека жените со понежни црти на лицето изгледаат поподготвени за неверство, што е мошне тешко да се докаже, па научниците останаа само на нагаѓања.

Претходно истражувањата покажаа дека мажите сакаат да бидат во близина на жените со изразени облини на со оние што изгледаат сензуално. Но, исто така потврдија дека со таков тип на жени не би сакале да имаат долгорочни врски.

Кога бираат партнерка, на мажите сепак им е поважно лицето од некои други атрибути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.