Една третина од територијата на Крим останува без струја

Поголемиот дел од населените места на територијата на Автономната Република Крим продолжуваат да имаат проблеми со струјата, пренесоа „УНИАН“. Прекини на струјата има во Симферопол, Јалта, Алушта, Симеиз, Керч и други градови.

Електрична енергија во Крим беше запрена во неделата поради поправка на два далновода.