Една жена загина, а 36 се повредени во сообраќајка во Србија

Една жена загина, а 36 лица беа ранети изутрината, кога автобус со турски регистерски таблички се преврте во близина на северниот српски град Суботица, јавува РТС.

Загинатата жена е турска државјанка на возраст од околу 50 години. Повредените патници се пренесени во болница во Суботица, а по извршените прегледи утврдено е две лица имаат тешки повреди, еден патник е со повреди на градниот кош, а жената која е тешко повредена има повреди на главата. Уште тројца пациенти се задржани на опсервација, додека останатите по укажаната помош се пуштени.

Патниците во автобусот во најголем дел биле млади луѓе кои тргнале на патување низ Европа, но во еден момент возачот од засега неутврдени причини изгубил контрола над автобусот и излета од патот во локалните ниви.